Ковачевски: Манастирот Св. Јован Бигорски е живо сведоштво за автентичниот македонски идентитет

од Берта Китинска
244 прегледи

Манастирот Св. Јован Бигорски е живо сведоштво за автентичниот македонски идентитет, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.

-Делата на македонските преродбеници од 19 век, црковните книги и зачуваните писма на бигорските игумени и монаси во манастирската библиотека говорат за нашата многувековна црковна историја и култура.Со историската одлука за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, вратите и убавините на манастирот Св. Јован Бигорски, се отвораат и за верниците од сите сестрински православни цркви, напиша премиерот.

Слични содржини