Ковачевски-Марфи: САД ја гледа Македонија како идна членка на ЕУ

од Nikola Popovski
224 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Минхенската конференција за безбедност се сретнал со Крис Марфи, член на Сенатот на Соединетите Американски Држави и поранешен конгресмен од Демократската партија.

Марфи, кој одлично го познава нашиот регион искажал голема поддршка за нашата земја која ја гледа како идна земја членка на ЕУ со заокружен евроатлантски статус, што е особено важно од безбедносен аспект.

-На сенаторот Марфи му ја изразив мојата и благодарноста на Владата и граѓаните на Северна Македонија за поддршката која САД ја даваат за нашата земја. Разговаравме и како исклучително важна ја оценивме регионалната соработка која последните години особено се интензивира и која има посебно значење кога станува збор за можностите за диверзификација во енергетскиот сектор за стабилно снабдување со енергенси, соопшти Ковачевски.

Слични содржини