Ковачевски – Мејер: Унапредување на соработката со САД во сајбер безбедноста

од Берта Китинска
170 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со в.д амбасадорот на САД во земјава, Ерик Мејер.

На состанокот е разговарано за можностите за унапредување на соработката помеѓу Северна Македонија и САД во областа на сајбер безбедноста.

Заеднички е констатирано дека Република Северна Македонија веќе придонесува во координираното дејствување меѓу НАТО членките, со цел зајакнување на отпорноста кон растечките сајбер закани, во полето на безбедноста.

Во таа насока е нагласено значењето на споделувањето успешни пракси за превенција од сајбер инциденти и споделувањето информации поврзани со сајбер закани, што придонесува и кон зголемување на отпорноста на нашата држава во поглед на овој предизвик во светски рамки.

Премиерот Ковачевски потенцираше дека САД се голем пријател и стратешки партнер на Република Северна Македонија и на регионот, во сите демократски процеси и во областа на одбраната и дека е од голема важност секое искуство и на ова поле.

Претседателот на Владата, Ковачевски, на состанокот, се заблагодари за пријателскиот пречек при работниот престој во Њујорк, за време на учеството на ГС на ОН, оценувајќи го како исклучително успешен, со оглед на значајните средби на приемот кај американскиот претседател Бајден и со американски претставници, на коишто е разговарано за актуелни политички прашања од значење и за нашата држава.

Слични содржини