ВМРО-ДПМНЕ и нивните преставници само знаат да шират лаги, хистерија и да блокираат во Собранието. Тоа што го кажува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ е лага и ширење невистини, изјави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, реагирајќи на обвинувањата во врска со Договорот за коридорите 8 и 10 д со конзорциумот „Бехтел и Енка“.
Ковачевски истакна дека „лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по цел ден само се заканува и ништо не работи“.
-Договорот со „Бехтел и Енка“ е јавно потпишан врз основа на посебен Закон, одобрен во Собранието од сите пратеници. Ги има поминато сите законски процедури за склучување. Договорот во над 400 страници ги дефинира условите за изградба на автопатот. Има и измени на неколку закони за обезбедување услови за забрзување на постапката за изградба на овие две големи делници. Намерата е да се изгради модерен автопат за пет години, со сума соодветна за таков проект. Пратениците имаат можност да ги одобрат тие одредби според процедурите. Сите други одредби во законот се согласно специјалниот закон што е донесен, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.