Ковачевски: Минималната плата од 18.000 денари е реалност

од Берта Китинска
195 прегледи

Минималната плата од 18.000 денари е реалност, но уште поважно е што таа континуирано ќе расте без потреба од дополнителни интервенции, пишува премиерот Димитар Ковачевски на својот „Фејсбук“ профил.

Од денес, 80.000 вработени, наши сограѓани, работници во различни дејности и индустрии, земаат 18.000 денари минимална плата, потенцира Ковачевски во својата објава.

-Сега, со две минимални плати синдикалната кошничка е покриена, нешто што не беше случај во 2016, кога беа потребни повеќе од 4 минимални плати за да се покрие една кошничка.
Заштитата на животниот стандард на граѓаните е еден од највисоките приоритети за оваа Влада. Затоа со динамично темпо ги исполнуваме ветувањата и во година полна со предизвици и продлабочена економска криза, ги насочуваме сите ресурси кон економска поддршка за граѓаните и стопанството, стои во објавата на Ковачевски на „Фејсбук“.