Ковачевски: Минималната плата од 18.000 денари која ја ветивме, денес е реалност!

од Берта Китинска
226 прегледи

Честитки за нашите сограѓани кои со изгласаниот Закон за минимална плата веќе со мартовската плата ќе можат да го зголемат својот домашен буџет за најмалку 45 евра месечно, напиша на својот Фејсбук, премиерот Димитар Ковачевски.

-Минималната плата од 18.000 денари ќе придонесе кон подигнување на животниот стандард што е наша врвна цел. Сега веќе ќе може платите да растат без дополнителна интервенција, ќе се подига квалитетот на живот на граѓаните и во иднина.За многу кратко време, од 4,25 минимални плати кои беа потребни во 2016 да се покрие потрошувачката кошничка, денес стигнавме до момент кога со 2 минимални плати се покрива целата потрошувачка кошничка.Нам како Влада ни е најважно сега, во услови на криза, секој денар од буџетот ефикасно да го користиме и да го пренасочиме кон граѓаните и стопанството. Во таа насока продолжуваме посветено да работиме и на зголемувањето на пензиите, напиша Ковачевски.