Ковачевски: Министерот Шаќири не ги пишува учебниците, Владата ја заврши процедурата уште во јуни

од Nikola Popovski
183 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски порача дека е завршен процесот за издавање и печатење на учебниците за учениците. Според него, МОН не ги пишува и одобрува книгите, туку тоа го прави независна национална комисија.

-Најголем дел од учебниците се испечатени и дистрибуирани. Имаше еден учебник каде четири автори конкурира и комисијата требаше да избере еден и целата процедура е регулирана кај нив. Што се однесува до Владата, се што е потребно за одобрен учебник е завршена процедурата, уште во првите месеци во летото. Тука нема никаков застој затоа што министерот не е задолжен за пишување на книгите. Ние не можеме да имаме политичко мешање во пишување на книги, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Додаде дека учебниците мора да бидат напишани од автори.

Слични содржини