Ковачевски: Митрески ќе ја извршува функцијата посветено и одговорно, во интерес на граѓаните и доброто на државата

од Vladimir Zorba

Премиерот во оставка и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски му го честиташе изборот на Јован Митрески за претседател на македонското Собрание и му посака успех во работата.

-Уверен сум дека Митрески ќе ја извршува функцијата посветено и одговорно, во интерес на граѓаните и доброто на државата, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Собранието денеска со 64 гласови „за“ и 40 „против“ го избра Митрески за претседател на Собранието откако неговиот претходник Талат Џафери беше предложен за мандатар на техничката влада, која треба да биде избрана во недела, на 28 јануари.

Митрески, кој беше досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ, ќе биде претседател на Собранието до изборот на новиот состав на Парламентот по изборите на 8 мај.

Слични содржини