Ковачевски: Младите се носители на прогресот во секое општество

од Stefanija Kuzmanovska
328 прегледи

Младите се носители на прогресот во секое општество, предводници во реализација на нови, свежи и храбри идеи за чие остварување треба да сме им поддршка. Затоа како Влада се фокусираме на креирање конкретни мерки кои ќе ги зголемат можностите за вработување на младите, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

„Од 2018 година до денес, над 80.000 млади лица се вклучија во ‘Гаранцијата за млади’.

Речиси 40% од учесниците во ‘Гаранција за млади’ добија понуда за вработување, континуирано образование и обука и беа вклучени во практикантство.

За оние до 23 години кои работат во производство воведовме дополнителен, младински додаток на плата од 3.000 денари, а студирањето го олеснуваме со субвенционирање на студентскиот оброк.

Но како Влада сме одговорни и да им овозможиме на младите иднина и многу повеќе можности кои ќе ги реализираат во земјава, наместо надвор од неа.

Затоа се бориме да го отвориме целосно патот кон Европската Унија, кој чекорејќи го заедно со младите ќе го подобрува нивниот живот тука.

Затоа сега е моментот да им докажеме дека мислиме на нив и дека нема да ги закочиме нивните можности и придобивки кои ЕУ ги обезбедува и без да се селат надвор од татковината.

Ги охрабрувам младите – бидете гласни, нека се слуша вашиот глас, заслужувате иднина за која ние како генерација пред вас ќе се бориме со храбри и државнички одлуки“, наведе премиерот.

Слични содржини