Ковачевски му честиташе на Абази за челната позиција во ОЈО ОГКК

од Nikola Popovski
265 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски му го честита мандатот на новиот шеф на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Ислам Абази.

-Изборот на шеф на ОГКК беше направено врз основа на Законот кој предвидува гласање на непосредни избори од страна на сите обвинители. Сите обвинители можеа да го дадат гласот за еден од кандидатите. Јас му честитам на оној што го избрале за шеф и се надевам дека ќе работи успешно согласно законите во државата, реле Ковачевски при посетата на Струмица.

Во однос на моделот со кој е избран Абази, Ковачевски вели измени на било кој друг закон можат да бидат предложени од Министерството за правда или од пратениците и доколку постојат елементри кои што можат да бидат унапредени, тој секогаш ќе го поддржува.