Премиерот Димитар Ковачевски денеска го пречека американскиот советник Дерек Шоле пред платото на Владата.
Пред состанокот кој што следи, претседателот на Владата му подарил дрес од фудбалската репрезентација на Македонија.
-Топло добредојде за Дерек Шоле денеска на средба во Скопје. Нашето силно стратешко партнерство со САД е од голема важност во годината која ни претстои, а која е исполнета со предизвици и кај нас, но и глобално. За овие предизвици, но и за многу други теми ќе разговараме на денешните средби, стои во објавата на премиерот пред најавената средба со високиот советник на Стејт Департментот.
Предвидено е Ковачевски и Шоле да разговараат за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.