Ковачевски му врати на Мицкоски: „Проблемите на државата се од гастроентерхепатолошка природа, со оглед на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ“

од Vladimir Zorba
1,5K прегледи

Коментирајќи го ставот на Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека „можеби Фројд влијае на Ковачевски, па тој може да биде фрустриран од ситници“, премиерот денеска изјави дека проблемите на нашата држава се многу помалку од психотерапевтска природа, тие се повеќе проблеми од „гастроентерхепатолошка природа“.

-Јас ја видов изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во кoja тој споменуваше автори од делот на психотерапијата. Сметам дека проблемите на нашата држава се многу помалку од психотерапевтска природа, тие се повеќе проблеми од гастроентерхепатолошка природа, со оглед на блокадите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави во Собранието и во носењето на одлуките за интеграција на нашите граѓани и на нашата држава во ЕУ, рече Ковачевски.

Слични содржини