Ковачевски му врати на Радев: Претседателот на соседна држава треба повеќе да се занимава со реформите во неговата земја

од Nikola Popovski
405 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска му порача на шефот на бугарската држава, Румен Радев дека треба повеќе да обрне внимание на реформите во неговата земја.

-Северна Македонија има многу јасни позиции во рамки на ЕУ и НАТО. Ние сме држава која што 100 проценти ја има усогласено својата надворешна политика со Унијата и која што рамноправно со другите држави носи одлуки во НАТО.  Ние секоја година имаме европски извештаи во однос на напредокот на реформите, така да сметам дека претседателот на соседна држава треба да се занимава со реформите во неговата држава повеќе, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања.

Радев денеска од Софија изјави дека „Македонија лобирала по европските институции за да го скрие недостатокот на реформи кај нас“.

-Во моментов, лобирањето повторно е интензивирано, но Бугарија ќе продолжи интензивно да работи со сите европски институции, со нашите европски партнери, така што одлуките за Република Северна Македонија не се засноваат на лобирање, што го крие недостатокот на реформи и длабокото кршење на човековите права, рекол шефот на бугарската држава, запрашан да ја прокоментира резолуцијата на германскиот Бундестаг, со која недвосмислено се потврди македонскиот идентитет, јазик и култура.

Слични содржини