Ковачевски најави разрешување на директорот на Управата за извршување на санкции

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски најави промена на директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски.

„Јас не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при министерството за правда и почнав процес на селекција на нов директор на управата за извршување на санкции“, кажа Ковачевски.

Следната седница на Владата е закажана за утре. Но точката за разрешување на директорот Спасовски нема да биде ставена на дневен ред се додека не се најде нов кадар.

„Утре нема да се најде на владина седница, ќе се најде на една од наредните седници бидејќи процесот на селекција е отпочнат. Во Идризово има нов директор од пред неколку месеци и промената беше направена на претходниот врз основа на консултации што ги имав со меѓународни институции во делот на управувањето на затворски систем и на финансиски интитуции кои финансираат унапредување на затворскиот систем на државата. Врз основа на тие консултации направивме промена на директорот на затворот во Идризово. Сега врз основа на неколкуте пропусти кои што се направени ќе имаме нов директор на Управата на извршување на санкции“, додаде Ковачевски.

Слични содржини