Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави сеопфатно решение за пациентите со цистична фиброза.
-Ќе имам состанок со Асоцијацијата на пациенти со цистична фиброза. На тој состанок ќе образложам за точни мерки што ќе се преземе на мое лично инсистирање, со што најкритичните пациенти ќе бидат веднаш згрижени, а за сите останати во најбрз можен рок следува системско решение со цел веќе не мора да се грижат дали лекот ќе го има во клиниките. Тоа значи дека правните и експертските тимови денес ќе седнат и нема да станат се додека не го средат делот со менувањето на законите. Откако ќе го смениме законот, верувам дека ќе имаме долгорочно решение за ова решение и ќе го обезбедиме лекот трикафта за пациентите по разумна цена за државата, рече Ковачевски.
Премиерот извести дека ќе го искористи целото негово знаење и искуство.
-Станав многу рано и ги разбудив сите одговорни и веќе ги носат одлуките за да веднаш почне набавката на најкритичните пациенти, додаде Ковачевски.