Ковачевски на разговор со партнерите од власта

од Берта Китинска
218 прегледи

Во Владата започна средбата на коалициските партнери од власта на која ќе се разговара за се она што е направено изминатите месеци од формирањето на новата Влада.

Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека на оваа средба секој ќе го каже своето мислење, а целта е да се направи рекапитуалција на се тоа што беше направено во однос на справување со кризата во изминатите месеци од формирањето на новата Влада.

– Меѓу другото ќе информираме за мерките кои ќе бидат преземени, а се вцртани во ребалансот, ќе направиме и осврт и на кризата како од аспект на енергетската криза, кризата со растечките цени на светските берзи во однос на храната, на енергенсите суровините предизвикани од нападот на Русија врз Украина, појасни Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања при учеството на Преспа форумот за дијалог.

По завршување на средбата, како што најави владината прес-служба, премиерот Ковачевски ќе одржи прес-конференција на која што ќе присуствуваат и лидерите од владината коалиција.