Ковачевски на Самитот на лидери на Берлински процес во Тирана, ќе се сретне со Шолц и Вархеји

од Nikola Popovski
272 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на 16 октомври 2023 година (понеделник) ќе учествува на Самитот на лидери на Берлинскиот процес во Тирана, Албанија. Во состав на владината делегацијата ќе биде и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

На Самитот е најавено е присуство на канцеларот на Германија, Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел како и голем број лидери од земји учеснички на Самитот – Австрија, Хрватска, Грција, Унгарија, Холандија, Словенија, но и високи претставници на CEFTA, OECD, RCC, Светска Банка, ЕБОР, Европска инвестициска Банка.

Во рамки на Самитот ќе се одржат работни сесии на кои на највисоко ниво ќе се дискутира на теми поврзани со интегрирањето на регионот во единствениот пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ, како и поддршката на зелената и дигиталната транзиција во земјите од Западен Балкан. На Самитот воедно, се очекува да се разговара за постигнувањата во рамките на Берлинскиот процес и влијанието на иницијативата врз регионалната соработка, нејзината важност во заокружувањето на европската интеграција, како и билатералните односи.

На Самитот планирано е усвојување на повеќе документи и заклучоци, како и потпишување на Договор за признавање на професионалните квалификации на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерките и фармацевтите од страна на лидерите на земјите од Западен Балкан, како продолжување на Договорот потпишан на минатогодишниот Самит на Берлински процес со кој се признаваат професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите.

За време на Самитот, предвидено е премиерот Ковачевски да оствари средби со канцеларот Шолц, со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархели, како и со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо и со потпретседателката на Светска Банка за Европа и Азија, Антонела Басани.

Берлинскиот процес се развива со поддршка на Европската комисија, меѓународните финансиски институции и земјите-членки вклучени во процесот – Германија, Франција, Австрија, Бугарија, Хрватска, Италија, Словенија, Грција, Полска и Обединетото Кралство, заедно со шесте земји од Западен Балкан.

Слични содржини