253
Денеска, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе учествува на состанокот на шефови на влади на НАТО земјите од Југоисточна Европа кој ќе се одржи во Софија, Република Бугарија.
Фокусот на состанокот се предизвиците за регионалната безбедност во контекст на руската инвазија и зајакнување на регионалната соработка во земјите од Југоисточна Европа.
Фотографии и видео инсерти од пристигнувањето на премиерот Ковачевски и од работниот состанок предвиден да започне во 10:00 часот во резиденцијата „Бојана“, ќе бидат пратени до медиумите од страна на владината прес служба.
Презентацијата на заклучоците од состанокот е предвидена во 12:30 часот, односно 11:30 часот по нашата временска зона.