Ковачевски: На средбата во Софија ќе дискутираме за снабдување со струја преку Бугарија

од Берта Китинска
122 прегледи

На средбата во Софија ќе дискутираме за снабдувањето со електрична енергија преку Бугарија, како извозник на електрична енергија, како и за едно од барањата на Стопанската комора, а тоа е да биде обезбеден непречен проток на струја преку конекциите со Бугарија во текот на целиот зимски период, изјави премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Во минатото, како што појасни премиерот се има случувано при недостаток на електрична енергија тие водови да не бидат проточни за електрична енергија до Северна Македонија и од таа причина тоа ќе биде една од темите на состанокот.

-Ние преку ресорниот министер за економија сме во постојана комуникација со министерството за енергетика на Бугарија. Во Бугарија во моментов има техничка влада бидејќи Бугарија се подготвува за избори, но тоа не беше пречка да имаме интензивна и нормална комуникација како две соседни држави, изјави Ковачевски.

Слични содржини