190
Премиерот Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на светата литургија во манастирот „Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка, по повод истоимениот христијански празник.
„Денеска заедно со верниците од тетовско и гостиварско присуствував на светата литургија во манастирот „Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка, по повод истоимениот христијански празник. Празниците нè зближуваат, а денеска е голем ден на кој ја празнуваме хуманоста. Наум Охридски Чудотворец целиот свој живот го посветил на помагање и на хумани дела“, напиша Ковачевски на Фејсбук.