Ковачевски на заедничка маса со Вучиќ, Рама, Сакеларопулу и Цвијановиќ: Разговарале за зачувување на мирот и стабилноста во регионот

од Nikola Popovski
376 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ сподели фотографија со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ, со претседателката на Грција, Катерин Сакеларопулу, со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и со премиерот на Албанија Еди Рама.

„Ние во регионот најдобро знаеме колку е важно заеднички да ги вложиме сите напори за да ги зачуваме тешко стекнатиот мир и стабилност. Разговаравме за актуелните случувања и понатамошните чекори кои ќе придонесат за изнаоѓање решение за сегашната тешка и сериозна ситуација, со надеж дека разумот ќе надвладее, за доброто на сите“, објавил Вучиќ покрај фотографијата.

Во Молдавија денеска се одржува самит на Европската политичка заедница на кој учествуваат околу 50 лидери од различни делови на светот. Меѓу нив е и премиерот Димитар Ковачевски. Местото каде што се одржува самитот е замокот Мими, на симболична локација – 20 километри од Украина, 8 километри од руската енклава Придњестровје. Главна тема е безбедноста во светот поради војната во Украина.

Слични содржини