Ковачевски: Наковска Бикова е пример како се бранат македонските бои

од Nikola Popovski
166 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитки до нашата параолимпијка Оливера Наковска Бикова од Битола која го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината „П4-пиштол слободен избор“ кое се одржува во Обединетите Арапски Емирати.

„Искрени честитки за македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова за освоениот златен медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион. На Оливера и на сите параолимпијци им посакувам успеси и во иднина. Вие сте нашата гордост, пример како се бранат македонските бои  и најголем промотор на Република Северна Македонија во светот“, истакна Ковачевски во честитката на социјалните медиуми.

Во квалификациите Бикова испука одличен резултат од 538 кругови со што го освои второто место и си обезбеди пласман во финалето. Во самото финале, таа по првите пет истрели се најде на второто место на табелата, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција.