Ковачевски: Напуштањето на Унгарија на седницата не значи гласање против отворање на преговорите со Украина

од Nikola Popovski
242 прегледи

Во однос на одлуката за отпочнување на преговорите на Украина и Молдавија со ЕУ, таа одлука не е донесена без консензус бидејќи напуштањето на Унгарија на самата седница, не значи гласање против. Затоа одлуката има поминато, рече премиерот Димитар Ковачевски за зеленото светло за двете земји, истакнувајќи дека ја поздравуваат ваквата одлука.

Со ова јасно е, истакна премиерот, дека во ЕУ постои согласност за отпочнување на преговори со овие две земји.

-Исто така постои уште една теза дека Украина имала билатерален спор. Земјата не е во таков спор со Русија, туку Москва го има неоправдано нападнато Киев и земјата не е членка на ЕУ. Секоја паралела меѓу тој случај и другите билатерални спорови на земји-кандидати за членство е трагична и несоодветна. Целта на сето ова на социјалните медиуми е дефокус од тоа дека македонската блокада во евроинтеграциите има име и презиме, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, одговори Ковачевски на новинарско прашање.

Ковачевски е дециден дека не се можни промени во преговарачката рамка, велејќи дека некои сакаат да извлечат паралела со Косово.

-Србија има прифатено поглавје 35 кое се вика Косово и во него влегуваат сите прашања врзани со Косово. За среќа, ние не дозволивме да има посебно поглавје за прашања со соседите во нашата преговарачка рамка. Такво поглавје кај нас нема, посочи претседателот на Владата, правејќи споредба со нашиот евроинтеграцискиот пат и пречките што се појавуваат.

Слични содржини