Ковачевски: Нашите економски резултати се факт, просечната плата е 630 евра

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Нашите економски резултати се факт. И затоа тие не ги коментираат. Факт е дека изборното ветување од 500 евра до 2024 година го надминавме. Просечна плата денеска, во време на СДСМ изнесува 630 евра. Просечната плата во време на ДПМНЕ изнесуваше 360 евра. Цели 270 евра повеќе во семејниот буџет, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски при отворањето на изборен штаб во Кисела Вода.

Тој додаде дека платите ќе продолжат да растат со СДСМ и тоа ќе го покаже и новата програма, каде што јасно ќе биде наведено како во наредните години ќе растат и просечната и минималната плата.

„Факт е и дека минимална плата денеска, во време на СДСМ е далеку поголема од тоа што беше во 2016 година. Во време на ДПМНЕ изнесуваше 8.000 денари за да денес имаме зголемена на 23.000 денари. За 120% поголема минимална плата. Затоа што застанавме на страна на работнивите, синдикатите и системски го решивме ова прашање еднаш засекогаш. Да не зависи никој од избори ниту од нечија политичка волја“, наведе Ковачевски.

Претседателот на СДСМ истакна дека и просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година, а минималната пензија денес е за речиси 50 отсто повисока во однос на тоа што беше во 2016 година.

„Пензионерите добиваат во просек над 100 евра повеќе. И пензиите ќе продолжат да растат со СДСМ, а не како во времето на ВМРО пред избори по 500 или 600 денари или кога ги праќаа 70-годишни пензионери со бесплатни ски картии да скијат по планините“, изјави Ковачевски.

Слични содржини