234
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека не може да ја коментира одлуката на грчката компанија „Архиродон“ да не ја продолжи банкарската гаранција околу изградбата на хидроелектраната „Чебрен“ бидејќи како што вели, не може да коментира одлуки на приватни ентитети.
-Одлуката на Влада е објавена во Службеник весник,а тендерската документација е достапна на сите кои што учествувале на тендерот. Тендерската документација е таа за која што се води постапката. Договорот за концесија е дел од тендерската документација. Одлуката се носи врз основа на закони и тендерска постапка. Тие се условите и ние имаме закони кои важат за сите. Постапката е во Министерството за животна средина, Владата не ја води постапката, кажа денес претседателот на Владата.