Опозициската партија оцени дека лидерот на социјалдеморкатите Димитар Ковачевски оди „со глава во ѕид“ против народот, и тоа без да понуди никакво рационално објаснување зошто бега од референдум.
„И денеска Ковачевски оди со глава во ѕид против народот, без да понуди едно рационално објаснување зошто бега од референдум. Ако е сè како што кажува Ковачевски, тогаш нема причина да се плаши за своите политики. Но очигледно Ковачевски е свесен дека народот е против асимилацијата која тој ја турка и затоа бега од соочување со него“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.