Ќе оставам на имагинацијата, на креативноста и на истражувачкиот потенцијал на новинарите да се вратат 15 години во нашиот правосуден систем и да видат како се менувани одредени закони и како се монтирани одредени процеси и тогаш многу лесно ќе идентификуваат кој е Дарт Вејдер на македонското правосудство, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, запрашан кој е лицето кое вчера го спомена, но не сакаше да го именува.
Претседателот на Владата потенцира дека лицето потекнува од комунистичкото време.
Вчера Ковачевски порача дека измените на Кривичниот законик се направени согласно законодавства кои што важат во ЕУ и поради тоа што, како што рече, претходно имвме закон во кој што казните беа од некое комунистичко време и беа направени од еден „Дарт вејдер“.
Премиерот уверува дека со измените е воведена проширена конфискација, како и скратување на судски случаи кои се воделе и до 10 години.