Ковачевски: Не сум незадоволен од министрите што ротираат во друг ресор

од Nikola Popovski
184 прегледи

При изборот на предлог-министрите како дел од новата влада кажав дека ќе се водам од капацитетите на личностите и нивните активности што ги презеле и кои се покажале ефикасни во своите перформанси, вели мандатарот Димитар Ковачевски во изјава откако му ги достави на претседателот на Собранието, Талат Џафери, Предлог-составот и Предлог-програмата за работа на новата Влада.

Според него, сите министри понеле голем товар во две тешки и кризни години.

-Сметам дека добро ги извршуваа своите задачи. Имаме министри кои одлучија да се повлечат сами. Не сум незадоволен во однос на тие што ротираат. Извршувале и други функции и сметам дека во други ресори ќе постигнат повеќе отколку на местата каде што биле, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.

Слични содржини