Ковачевски – Нефју: Продолжува поддршката од стратешкото партнерство со САД во градење ефикасен систем за борба против корупција

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска се сретна со Ричард Нефју, глобален координатор за антикорупција на американскиот Стејт департмент.

На средбата разговараа за актуелната состојба поврзана со борбата против корупција и мерките и активностите кои Владата ги презема во насока на системски решенија за справување со корупцијата на секое ниво, вклучувајќи ја и високата корупција.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на целокупната поддршка и соработка која благодарение на блиското стратешко партнерство со САД, се реализира во Северна Македонија.
Поддршката е круцијална во воспоставувањето на ефикасен систем за елиминирање на конфликтот на интереси, како и за превенција на корупција.

На средбата говорниците заеднички констатираа дека напорите кои се вложуваат во борбата со корупција се основната алатка за градење на довербата на граѓаните во институциите. Во таа насока од клучно значење е градењето на капацитетите во областа на владеењето на правото и правната држава.

Слични содржини