Ковачевски негира дека „се испумпуваат“ пари за новата ЕУ кампања

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Со заменик-помошникот на САД Габриел Ескобар, кој ќе биде во дводневна посета на земјата, премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски ќе се сретне утре. Вели дека за тие одлуки имаме поддршка од страна и на ЕУ и особено од страна на САД и во таа насока е и посетата на Ескобар на регионот на Северна Македонија.

-Јас ќе имам разговор со него. Тој е исклучително информиран човек во однос на случувањата и на билатерално и на регионално ниво и ќе разговараме токму за национални, билатерални и регионални прашања од интерес на Северна Македонија, посочи Ковачевски.

Во однос на уставните измени вели дека се работи за исклучително важна одлука за иднината на државата, која што е пред пратениците и која не задира во ниту едно идентитетско прашање на македонскиот народ.

-Уставните измени така како што се предложени во Собранието за коишто отпочна процесот во Собранието преку усвојување на дневниот ред и изнесување на ставовите на политичките партии, сите се уверивте дека не предизвикаа никакви турбуленции или негативни коментари од кој било во државата. Тие беа консултирани и со експертската јавност и со невладиниот сектор, и со политичките партии и изработена од експертско-политичка група – работна група која што беше формирана од Министерството за правда.

Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Ковачевски негира дека „се испумпуваат“ пари за убедување на граѓаните за уставни измени со новата кампања на Секретаријатот за европски прашања која чини 80.000. Парите исклучително домаќински се инвестираат од оваа Влада, додаде премиерот, велејќи дека пари не се трошеле на жални врби, на стиропор којшто се распаѓа по зградите…

Слични содржини