Премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека присуствувал на пуштање на 27 мегавати инсталиран капацитет во државата, кој што произведува електрична енергија, за девет месеци колку што е на функцијата.
-Некој беше премиер 11 години, имаше и советници и за тоа време вкупно 27 мегавати колку што во мандатот на оваа Влада за девет месеци. Сончевите електрани ќе бидат двигател на енергетската транзиција во Северна Македонија, посочи Ковачевски на пуштањето со работа на 17 мегавати соларна електрана, кумулативно најголемата фотоволтаична електрана во Македонија, лоцирана во Свети Николе, Амзабегово.
Тој ги уверува граѓаните дека оваа Влада работат на побогата иднина за С. Македонија.