Ковачевски: Нема да дозволиме иднината на граѓаните да биде блокирана од ВМРО-ДПМНЕ

од Stefanija Kuzmanovska
284 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево на прес – конференција изјави дека денес започнал процесот за изгласување на уставните измени.

Тој наведе дека станало кристално јасно кој навистина сака Македонија да биде просперитетна држава, а кој сака да блокира. Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ знае само за блокада и изолација.

„Покажаа дека немаат никакви аргументи, немаат идеја за дискусија и дека не водеа дебата. Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина“, рече премиерот.

Истакна дека граѓаните сакаат економски напредок, подобар живот, со вредностите кои ги има во ЕУ и САД.

„Нема да дозволиме граѓаните и нивната иднина да биде блокирана од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Ковачевски.

Тој порача дека ќе има дискусии на сите нивоа.

Слични содржини