Ковачевски: Нема никаков процес на асимилација или бугаризација

од Nikola Popovski
198 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека процесите како асимилизација и бугаризација ниту теоретски не може да се случат во земјава.

-Постои Историска комисија и таа нема влијание од политичарите и одлучува со консензус. Во 2022 година, кога сме изградиле општество што е пример за мултикултура во Европа, успеавме да воспоставиме институции какви што нема во Европа, и некој да тврди и да манипулира дека некој ќе го асимилира… Никогаш не бил асимилиран народот во историјата и не го изгубил идентитетот, рече Ковачевски во интервју за тв Канал 5.

Премиерот потенцира дека имаше величенствено и државничко чествување на Илинден во Крушево.

-Верувам дека со текот на времето, се повеќе граѓани кои веруваат во европската идеја, ќе се приклучат на процесот на ЕУ. Државата веќе отпочна процес и од тој процес нема назад. 11 години оваа држава беше во заложништво и некој креираше само споменици и се обиде да не раскара со соседите. 11 години гледавме внатрешни тензии, појасни Ковачевски.

Слични содржини