Ковачевски: Носиме одлука за напредок или криза, безбедност или ВМРО-МВРО, демократија или кражба, началници и прислушкување или демократија

од Vladimir Zorba

„Важноста на оваа одлука денеска е затоа што го одредува суштинското значење македонската сегашност и иднина. Напредок или криза. Безбедност или ВМРО-МВРО. Демократија или кражба, началници и прислушкување или врвна демократија“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на 27. конгрес на партијата.

Тој додаде дека одлуката на граѓаните ќе биде најважна, бидејќи сите партии постојат ради граѓаните и нивните одлуки, ради нивната верба и за нивната доверба.

„Сакам да изразам задоволство од постапката за избор на претседателски кандидат во рамки на партијата. Таа беше високо демократска, транспарентна, широка, отворена и инклузивна и со највисоко ниво на етички и морални стандарди. Така доликува на најголемата и најпрогресивна и најдемократската партија во Македонија“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека Пендаровски е победничкиот кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата.

Слични содржини