Ковачевски: Новата 55 MW фотоволтаична централа „Новаци“, најголема на Балканот е чекор напред кон енергетската независност

од Nikola Popovski
190 прегледи

„Со над 280 сончеви денови и со потенцијалите од вода и од ветер, овозможивме енергетска независност на државава. За овие две години создадовме речиси 450 мегавати обновлива енергија“, рече премиерот Ковачевски на отворањето на новата соларна централа во Новаци, пелагониско. До крајот на годината ќе се инсталираат вкупно 600 мегавати. Тоа е повеќе од капацитетот на РЕК Битола, порача претседателот на владата.

„Во моментот она што е најважно е дека инвестиции без економска и политичка и без безбедносна стабилност нема. Влегувањето во НАТО потврдува дека бројот и износот на инвестиции во државата растат во сите индустрии особено во делот на енергијата. Затоа нам ни е потребен мирен регион, стабилен, обединет којшто еден ден наскоро ќе стане дел од европскиот пазар од 500 милиони жители. Тоа значи дека она што го правиме овде ќе биде достапно на пазар од 500 милиони жители“, рече Ковачевски и додаде дека Северна Македонија има амбициозен план за премин кон чисти технологии, и напуштање на производството на електрична енергија од јагленот, кое во моментот е најзастапено, преку концептот на стратешки инвестиции.

„ФЕЦ Новаци“ моментално е и најголема на Балканот. Новата централа, е со вкупен капацитет од 55 MW и годишно е проектирано да произведува 85.000 MWh што претставува електрична енергија која е доволна за задоволување на потребите на 30.000 семејства.

Слични содржини