Говорејќи за предлог-законот за амнестија, премиерот Димитар Ковачевски вели дека во него се опфатени кривични дела до шест месеци, се со цел да се најдат други начини за казнување на затворениците и намалување на товарот во пренатрупаните затвори во земјава.
Точно се дефинирани сериозните дела за кои не може да се добие амнестија, посочува премиерот.
Околу најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокираат законот, Ковачевски вели дека партијата ништо не поддржува и тие кога блокираат, тоа го прават чисто за да се блокира.
Тие и Скопје го блокираат. Министерството за правда бара мислење од координаторите на пратеничките групи. Сметам дека ова е закон кој шго ги подобрува процедурите и не дава амнестија на некој што направил тешко дело. Како Влада, ќе го разгледаме законот на една од следните седници, порача Ковачевски во изјава по отпочнувањето на градежните активности од изградбата на автопатот на Коридор 10-д, делница Прилеп – Битола.