Ковачевски: Новото рангирање на „Репортери без граници“ ја позиционира нашата држава меѓу најдобро оценетите во регионот

од Берта Китинска
185 прегледи

Оваа година, светскиот ден на слободата на медиумите, го одбележуваме како земја која постигнала исклучителен напредок на листата на „Репортери без граници“, пишува на својот Фејсбук, премиерот Димитар Ковачевски.

-Според индексот за слобода на печатот кој е објавен во извештајот за 2022 година, Северна Македонија бележи скок од 33 места, односно од 90 на 57 место. Ова ново рангирање ја позиционира нашата држава меѓу најдобро оценетите во регионот. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на новинарите и медиумските работници, за нивната посветена работа и да им порачам да продолжат професионално да ја работат својата работа. Не така одамна бевме сведоци дека загорзената слобода на медиумите е прв чекор кон автократско владеење и сите негативни последици на ваквото управување. Владата на СДСМ во изминатите пет години покажа исклучителен демократски капацитет и почит кон медиумите и медиумските работници, негувајќи ја слободата на изразување како клучно право и вредност во општеството, пишува Ковачевски.