198
Секогаш убав разговор со докажаните пријатели на Северна Македонија. На канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц, му се заблагодарив што Германија останува силен поддржувач на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, пишува на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.
„Германија останува да биде најзначајниот трговски партнер на нашата земја. Тоа е потврдено со најголемиот број германски компании присутни во Северна Македонија“, посочи Ковачевски.