Ковачевски–О’Брајан: С. Македонија постигна многу, важно е да продолжи на патот кон членство во ЕУ

од Nikola Popovski
285 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Париз, се сретна со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан.

Ова е прва средба на Премиерот со новоименуваниот Помошник државен секретар, кој стапи на должност минатиот месец. На средбата, Ковачевски и О’Брајан го реафирмираа значењето на цврстото стратешко партнерство помеѓу Северна Македонија и САД. Покрај билатералните односи, на средбата се разговараше и за други актуелни теми за регионот и пошироко.

Премиерот Ковачевски го запозна помошникот секретар О’Брајан со најновите внатрешно-политички случувања во Северна Македонија и надворешно-политичките приоритети на Владата.

Беше потврдена важноста на Северна Македонија како фактор на стабилност и безбедност во регионот, и споделена неопходноста за непречено продолжување на патот на нејзиното европско интегрирање, што е во интерес и на САД.

Помошникот државен секретар О’Брајан го реафирмира ставот дека САД ги гледаат како природни партнери оние кои се посветени на европската интеграција, НАТО и зајакнувањето на демократијата. Го поздрави досега постигнатиот напредок на земјата во повеќе области и изрази очекување земјата да продолжи на патот на прогресот.

Слични содржини