Ковачевски од Кавадарци: Ако сакаме Македонците да имаат иднина, мора да се поврземе со Европа

од Vladimir Zorba
106 прегледи

„Ако сакаме Македонците да имаат иднина, ако сакаме нашата земја да стане модерна, ако сакаме нашите граѓани да не останат гладни или смрзнати, тогаш ние мора да се поврземе со Европа. Поврзувањето со Европа, во денешни услови не е само прашање на удобност, на европски вредности, на реформи, пред сѐ е прашање на преживување“ рече премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Кавадарци.

Како што кажа тој големината на СДСМ се државотворните одлуки за македонската татковина, политиките за својот народ и сите граѓани.

„Тоа сме ние, тоа не одредува нас и тоа е значењето на овие четири букви. 31 година СДСМ е на вистинската страна на историјата. Така било, така и ќе биде, СДСМ е тука за граѓаните, за државата, СДСМ е тука за сегашноста, но и за иднината“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека патот кон ЕУ нема да биде лесен и ги повика сите да се вклучат во остварување на оваа цел, но кажа дека големата награда е на крајот на тој пат.

„Нашиот народ да биде горд, со заштитено национално достоинство, со заштитен македонски идентитет, рамноправен со другите народи на ЕУ и побогат“.

Слични содржини