Од овој Самит на Отворен Балкан, ние сите тука заедно испраќаме порака, дека, како држави и како влади, се солидаризираме и преземаме конкретни чекори за заеднички да се справиме со кризата во која се наоѓа Европа и во која се наоѓаат нашите земји.Зимата пред нас која доаѓа ќе е долга и ќе биде најтешка после Втора светска војна, како за нас така и за целиот свет. Но, ако судам по сите разговори денес, подобро да ја пребродиме заеднички отколку секој да ја пребродува самостојно, вели премиерот Димитар Ковачевск на денешниот Самит „Отворен Балкан”.
Тој појаснува дека суштината на Отворениот Балкан е поврзување на, солидарност, добрососедство, сѐ во функција на подобрување на животот и стандардот на граѓаните.
-Тоа го имаме на ум и во овие кризни времиња, но тоа не е нешто ново за нас, ние веќе, како добри соседи си помагавме и во време на КОВИД кризата, но и во време на катастрофи кои се случуваа во нашите држави. Тоа е природно, да се свртиме кон оние кои ни се најблиску и да работиме заедно за добробит на сите наши граѓани.Соработуваме тесно за да обезбедиме достапност на храна и да договоривме прво меѓу себе да си помогнеме, доколку се соочиме со недостиг на домашните пазари, како последица од глобалната криза. Тука станува збор за основните прехранбени производи за кои нема да имаме забрани за тргување. Ќе овозможиме нивен стабилен и непречен проток, без никакво ограничување. Дури и да поставиме забрана за извоз, таа нема да важи за земјите од Отворен Балкан, вели Ковачевски.