На прашањето дали по примерот со Универзалната сала, Владата може да го преземе градскиот превоз, премиерот Димитар Ковачевски истакна дека „прво ова прашање треба да му се постави на Христијан Мицкоски“.
-Тој пред само една година одеше по Скопје и тврдеше дека градот ќе ја добие најдобрата мајка и ќе стане најмодерен град во светот. Тој излегуваше на прес-конференција и кажа дека ќе обезбеди бесплатен превоз за граѓаните и дека ќе купел нови електрични авотбуси. Од тоа нема ништо, рече Ковачевски.
Премиерот потенцира дека Владата мора да помогне на сите граѓани во рамките на капацитетите и можностите што ги има.
-Сите големи проекти во Скопје кои се започнати, Владата ќе направи се за да може да ги доврши. Пред договор сме за преземање на ингеренциите за Универзална сала. Тоа е заради скопјани, не заради политика, најави Ковачевски.