Ковачевски: Одлуката околу францускиот предлог ќе ја донесеме заеднички

од Nikola Popovski
130 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево информира дека до Владата од француското претседателство пристигнал предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови во однос на спорот со Република Бугарија.

-Овој предлог, при чие изготвување се земени предвид нашите позиции и барања, ќе биде ставен на широк консултативен процес. Консултации во следните денови ќе се прават во Владата, со политичките партии, со Претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. По овие консултации ќе се донесе одлука во однос на предлогот, објави Ковачевски.

Премиерот е дециден дека како што е ветено и наспроти шпекулациите на опозицијата, одлуката за нашата иднина ќе се донесе заеднички согласно стратешките интереси на земјата и на сите граѓани.

-Упатувам благодарност до Претседателот Макрон и Француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот, порача Ковачевски.

Слични содржини