Ковачевски: Она што го снајде Скопје со градоначалниците, да не му се случи на ниту еден друг град

од Берта Китинска
180 прегледи

Претседтелот на СДСМ вечерва од Тетово ја оцени работата на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Она што не снајде во Скопје да не му се случи на ниту еден друг град во држава. Ништо да не се инвестрира, ништо да не се прави, ништо да не се исчисти, тоа да не му се случи на ниту еден друг град во држават“ порача Ковачевски, додавајќи дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 месеци потрошиле еден месец на сликање со проекти на СДСМ на останатите девет месеци ништо друго не сработеле.