Ковачевски: Опозицијата да предложи свои експерти во работната група за уставните измени

од Nikola Popovski
128 прегледи

Овој процес не е процес на еден човек или партија или една влада – ова е процес за целата држава. Обврска на сите партии и пратеници е да се носат одлуки со кои се носат стратешки цели за државата, а тоа е членство во ЕУ. Длабоко сум уверен дека во нашето Собрание постои капацитет и визија да се донесат потребните одлуки, со кои што државата ќе го продолжи и заврши зачленувањето во ЕУ, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференцијата во Владата, на која присуствуваа и потпретседателот на ЕК, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Во однос на уставните измени, премиерот информира дека прво ќе биде формирана работна група за уставните измени во Министерството за правда, со експерти по уставно право и експерти предложени од партиите.

-Оопозицијата е повикана да даде свои експерти во оваа група бидејќи секој треба да го даде придонесот. Сите одлуки и поважни информации беше веднаш понудено да бидат споделувани и презентарани пред Националниот совет за евроинтеграции кој што го води претставник на опозицијата. На опозицијата е да размислува стратешки и она што декларативно го кажува, да го спроведе и во пракса. Досега не сме имале таква потврда, нагласи Ковачевски.

Тој е дециден дека сега треба да се надмине дневно-политичкиот интерес на која било партија.