Ковачевски: Опозицијата не е за работа, туку за шетање по Македонија во блузончиња, бели капути и со трубачи

од Nikola Popovski
171 прегледи

Тоа се изјави кои немаат реална основа и кои се дадени во очај, кои цело време зборуваат дека во моментов ќе се организираат предвремени избори, вака премиерот Димитар Ковачевски ги коментира обвинувањата на опозицијата дека преку надзорни компани за изградбата на Коридорите 8 и 10Д се шири руско и кинеско влијание во земјава.

Премиерот потенцира дека „опозицијата не е за работа, туку за давање на изјави и шетање по Македонија во блузончиња на патентчиња, бели капути, трубачи и со славење“.

-Нема друга стратегија. Погледнете општините што ги имаат и една работа што ја направиле. Само сликање и само изјави како нешто не чинело. Откако тоа го нема и сфатија дека владиното мнозинство е зголемено и отпочат најголем инвестициски проект, почнаа со веќе видените изјави. Ниту се шири руско, ниту кинеско влијание. Во светот на корпоративното работење постои соработка меѓу корпорации од различни држави, вели Ковачевски.

Слични содржини