На денешен ден во 2019 година, за прв пат се крена знамето на НАТО пред Владата на Република Северна Македонија. НАТО значи сигурност и безбедност, но во исто време отвара и нови перспективи, сподели премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил.
„Регионалната стабилност како и унапредената соработка со соседите и сојузниците во НАТО алијансата, но и фактот што исклучително брзо ја завршивме воената интеграција ме прави особено горд.
Остануваме посветени на учеството во операциите и мисиите на НАТО“, додава тој.