Ковачевски откри дали Алијанса на Албанците може да биде дел од Владата

од Nikola Popovski

Сега е време кога треба да се обединиме затоа што имаме пред нас остварување на стратешки цели – продолжување на патот кон полноправно членство во ЕУ и најдобро да се справиме со светската економска и енергетска криза. Со господинот Таравари, јас се немам видено, меѓутоа секогаш сум имал контакти со пратениците од партијата Алијанса. Не сме разговарале за такво нешто, меѓутоа секоја поддршка која што е за поддршка на европскиот пат на државата, поддршка за носење на мерки за справување со кризата и со справување на сите предизвици, сметам дека е поддршка која што треба да се разговара и поздрави, вака премиерот Димитар Ковачевски го коментира прашањето дали постои опција опозициската Алијанса на Албанците да биде дел од Владата.

Околу можна широка владина коалиција, Ковачевски истакна дека не сме во политичка криза, за да размислуваме околу такво нешто.

-Сметам дека Владата има капацитет да се справи со сите овие прашања. Успешно се справивме со корона-кризата и успешно ќе се справиме сега, заедно со сите граѓани и нивните претставници во Собранието, рече Ковачевски на прашање во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини