После големиот број трагични несреќи поврзани со малолетници кои сакаат да снимаат видеа на ТикТок, премиерот Димитар Ковачевски денеска одговори на новинарско прашање дали нашата земја размислува да ја блокираа оваа социјална мрежа, откако повеќе европски земји веќе почнаа да размислуваат во тој правец.
-Социјалните медиуми се нов феномен во општеството. Во моментот кога настанаа беа апсолутно интересни за сите, но уште тогаш експерти зборуваат дека ќе дојде момент кога социјалните медиуми ќе бидат тешки и невозможни за контрола и дека ќе треба да се направи регулирање на целокупното функционирање. Постојат различни примери во различни држави во однос на користењето на социјалните медиуми и и други 4Г и 5Г апликации кои што се користат на јавните телекомуникациски мрежи. Кај нас сосгласно стратегијата за дигитализација и за медиуми, во иднина ќе се размислува во делот и на користењето на социјалните медиуми. Не зборувам за сите, туку баш напротив за регулирање кое ќе овозможи нивна употреба со цел унапредување на општеството, а не да бидат користени за нешто што не сакаме да го имаме како последица во општеството, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.
Снимање на ТикТок видео била причината зошто 14-годишно девојче загина во саботата, откако се качило на железничкиот вагон до кој стоела цистерна во Општина Илинден.