Потпишан е договор за емитување на Бугарската државна телевизија кај нас и нашата Македонската радио телевизија во Бугарија. Во меѓувреме бил раскинат договорот за сервисот преку кој што можат да го преземат сигналот други држави од нашиот државен национален телевизиски сервис, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски како одговор на прашањето зошто МРТВ не се емитува во Бугарија.
Премиерот ги упати новинарите да се обратат до раководството на МРТ во однос на повеќе детали.
-Со оглед дека склучиле некаков договор во кој практично услугата што ја даваат, не овозможува бесплатно симнување на сигналот од страна на оператори од други држави. Проблемот е креиран од порано. Планирам да свикам состанок со директорот на МРТВ, на кој што ќе има и други институции, за да се види каков договор потпишале, како оди сигналот надвор и каква услуга добива нашиот национален сервис во делот на емитување на програми во други држави. Да провериме дали и во други држави има можност да скине сигналот на МТВ и таму да биде гледан од нашите граѓани, рече Ковачевски.
Според Договорот за пријателство и соработка со Бугарија, националните телевизиски канали треба да емитуваат програма како во Македонија, така и во Бугарија.